Поминаа 6 месеци од почетокот на оваа пандемија а проблемот за следење на редовната настава за учениците со визуелен хендикеп е несоодветно третиран. Во исчекување се сите инволвирани во наставно-воспитниот процес на оваа категорија ученици со посебни потреби за ОДЛУКА која што ТРЕБА да ја донесе МОН како најодговорна институција за овој проблем.
Се шпекулира за постоење на некаков Закон со кој што сите ученици со посебни потреби се ставени во ризичните категории и МОРА да следат настава ОН ЛАЈН. Како коалиција МЕНУВАМЕ јавно бараме одговор од МОН, бидејќи логиката на нештата кажува дека 6 месеци е сосема доволен временски период да се детектираат , истражат и научат проблемите на теренот и да се донесе соодветна одлука. Коалицијата МЕНУВАМЕ тоа го направи и изгради сосема јасен став кој што е пласиран во јавноста. НВО секторот е итекако важен субјект во креирањето на политиките во секоја држава, па и кај нас.
Нудевме,ќ нудиме и ќе нудиме безгранична соработка во интерес на сите а пред се на учениците со визуелен хендикеп и нивните родители конкретно за настанатиот проблем.