Кон: Маските ќе ги носиме и наредната година

Епидемиологот кој е член на Кризниот штаб во борбата со пандемијата предизивикана од коронавирусот во Србија, Предраг Кон предупредува дека кино-салите и театрите кај северниот сосед можат повторно да бидат затворени доколку не се почитуваат препораките за заштита од вирусот. Според него заштитните маски ќе бидат задолжителен декор за луѓето и во наредната година. Доколку граѓаните се оглушуваат на препораките од лекарите и не носат маски ќе бидат принудени да вратат некои од рестриктивните мерки, во спротивно ако потрае моментално поволната епидемиолошка ситуација можно е и нова релаксација на мерките за враќање кон нормалниот живот на граѓаните.

На прашањето дали може повторно да се одложи почетокот на школската година Кон смета дека нема потреба од тоа, бидејќи тоа може да се одлага во недоглед.

За да се контролира ситуацијата со коронавирусот Кон вели:

-Имаме јасни предупредувања кои им се даваат на луѓето на граничните премини. Дали тоа се спроведува прашање е за надлежните институции. Граничната полиција ги дели тие предупредувања на сите кои влегуваат или се враќаат во земјата. Минималната казна за непочитување на епидемиолошките меркие е 50.000 динари, а максималната 150.000 динари.  Едно тестирање  во Хрватска изнесува 120 евра, а има и земји кои не ги тестираат странците кои пристигнуваат. Самоизолацијата е најефикасна мерка, но проблем е тоа што таа е непотребна во поголемиот број случаи. Доколку дојде до тестирање на самата граница во периодов кога сите се враќаат во земјава од одмори поради почетокот на школската година можат да се блокираат лабораториите кои ги прават испитувањата на земените брисови – проачува Кон.

 

Треба да знаете
Последни објави