Куќа остана без покрив по невремето во Берово

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи, локално и во форма на невреме поладневно зафати повеќе места во земјава. Во Гевгелија според мерењата на УХМР навврнати се 30 литри на метар квадратен, 16 Демир Капија, 14 Тетово, 12 Берово, девет Струмица, шест Скопје-Зајчев Рид, три Скопје-Петровец, два Приле и еден литар во  Штип.

Особено лошо беше во Берово каде силниот ветер пропратен со град откорна кров од куќа.

На социјалните мрежи се појави и апел за беровско семејство кое остана без кров над главата по денешното невреме. За донации и повеќе информации секој може да се обрати кај Кристијан Демјански 077456201. Сметката на Кристијан: 200003368429849 на која ќе можете да донирате.

Треба да знаете
Последни објави