Македонската репрезентација пред празни трибини ќе игра со Косово и на стартот од новата сезона во ЛН

УЕФА  уште на 9 јули годинава донесе одлука мечевите да се играат без присуство на гледачи. Тоа го потврди и на денешната седница каде пробен балон ќе биде мечот од Суперкупот во Будимпешта на 24 септември меѓу баерн Минхен и Севилја. Другите натпреаври, клупски и репрезентативни засег остануваат да се играат зад затворени врати.

Тоа значи дека македонската репрезентација на 8 октомври во полуфиналето од јнедоиграната прва сезона во Лигата на нациите ќе го пречека Косово пред празни трибини. Преку овој меч македонија може да дојде само на еден чекор од историски пласман на Еп-2020, кое е поместено за идната година. Ако аедонсата селекција го совлада Косово, во финалето ќе игра со подобриот од дуелот Белорусија – Грузија на гостински терен.

Во Македонија во моментов е на сила уредбата со која можат да се организираат спортски настани без присуство на публика. Македонската репрезентација на 5 септември е домаќин со Ерменија на стартот од второто издание на Лигата на нации, а потоа гостува во Грузија, додека младата репрезентација на Македонија на 3 септември ќе ја дочека Шпанија, актуелниот европски првак за фудбалери до 21 година во продолжението од квалифиакциската група за ЕП.

Треба да знаете
Последни објави