Мегваер осуден на 21 месец затвор за инцидентот во Грција

Англискиот фудбалер Хари Мегваер доби затворска казна во траење од 21 месец и десет дена од грчкиот суд на островот Сирос, откако претходно беше прогласен за виновен за физички напад, вербални навреди, давање отпор при приведување и постојани обиди за поткуп.

Со оглед што ова за него е прво вакво дело, казната е условна и ќе се поништи ако во следните три години не направи исто или слично дело. Но и покрај тоа што нема да оди во затвор, играчот на Манчестер Јунајтед најави жалба на пресудата, потенцирајќи дека се чувствува невин.

„Јас и моето семејство сме жртви во овој случај. Му дадов инструкции на мојот адвокат да поднесе жалба. Убеден дека ќе ја докажеме невиноста во случајот“, изјави Мегваер преку социјалните мрежи.

Манчестер Јунајтед преку соопштение му изрази поддршка на својот капитен, потенцирајќи дека верува во неговата невиност. Тоа не може да се каже за селекторот на Англија, Герет Саутгејт, кој прво го стави Мегваер на поширокиот список репрезентативци за дуелите од Лигата на нации, а неколку часа подоцна се пишмани и го избриша.

Треба да знаете
Последни објави