Меси по пошта ја известил Барса дека си оди, Каталонците ќе одат на суд

Лионел Меси, за многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, ги известил водечките луѓе на Барселона дека сака да го напушти клубот , во кој што игра 20 години.

Главниот играч испратил барање до управата преку „Буро факс“, сервис за итни телеграми. Меси побарал да ја искористи клаузулата која му овозможува еднострано да го раскине договорот на крајот од сезоната ако не е задоволен. Меси има клаузула во договорот, врз основа на која може да ја прекине соработката со каталонскиот гигант, и тој планира да го стори истото.

“Денес е многу тажен ден за навивачите на Барселона. Лео Меси изјави дека не сака да продолжи да работи со Барселона. По 17 години во првиот тим, најголемиот фудбалер на сите времиња сака да го напушти клубот ,а ќе остане Бертомеу. Претседател кој не е во можност да сочува Меси не треба да биде на чело на клубот “, напиша истакнатиот новинар Алфредо Мартинез.

Од клубот официјално ја потврдија одлуката на Меси, со зборовите дека аргентинската ѕвезда покажала голема желба да си оди од „Камп Ноу“.

Инаку, од Барселона истовремено порачале дека таа клаузула што ја споменува Меси е истечена во месец јуни и дека двете страни ќе мора правно да бараат разврска ако Меси сака да го раскине договорот.

Треба да знаете
Последни објави