Ракометниот клуб Вардар објави дека капитенот Стојанче Стоилов е позитивен на коронавирусот.
Оваа информација ја потврди и првиот човек на Вардар, Михајло Михајовски. Тој вели дека Стоилов е во добра здравствена состојба и моментално не чувствува ниту еден симптом на вирусот.
„По вчерашниот утрински тренинг Стоилов се пожалил на омалаксаност и покачена телесна температура. Веднаш беше тестиран и неговиот тест е позитивен. На сите членови на Вардар денес им е земен брис и во исчекување сме на нивните резултати. Столе е во добра здравствена состојба и не чувствува ниту еден симптом на вирусот“, рече првиот човек на Вардар за „Канал 5“.
Вардарци своето враќање на терените треба да го имаат в сабота за кога е закажан одлучувачкиот натпревар против Нексе, кој ќе го даде последниот патник на Ф4 турнирот во СЕХА.
Превземено од Gol.mk