Повреден жител на делчевското село Град по пад од трактор

Лице на возраст од околу 40 години од делчевското село Град заврши во Клиничката болница во Штип, откако заврши под трактор во незгода која вчера попладне се случила на локален пат кај месноста Кастел. Незгодата се случила по извртување на тракторот по што интервенирале мештани за негово извлекување.

Според информациите на Итната медицинска помош која излегла на местото на настанот, повредениот бил транспортиран до Клиничка болница Штип и сега е во добра состојба. Оттаму додадоа дека во незгодата полесни повреди имала и неговата сопруга.

Освен оваа незгода, денеска медицинскиот тим на Итната помош во Делчево интервенираше и кај лице паднато од комби за време на транспорт. Лицето со видливи болки и повреди на градниот кош е пренесено во Клиничка болница Штип на понатамошна опсервација.

Треба да знаете
Последни објави