Позитивни на коронавирус во РК Вардар

Позитивни случаи на Ковид-19 и во европскиот првак Вардар. Сеуште не се знае дали е еден позитивен или повеќе. Позитивниот ракометар е ставен во изолација, а останатите членови на тимот веќе се тестирани и се чекаат нивните резултати.

Доколку нема нов позитивен случај, тимот ќе продолжи со подготовките по нормален тек, но ако има нов заразен тогаш сигурно се става под голем знак прашалник одигрувањето на реванш-средбата со Нексе, која е закажана за в сабота од 20:15 часот.

Вардарци своето прво тестирање го извршија кон средината на јули, кога Стевче Алушовски ги стартуваше подготовките за новата сезона, а потоа добија негативни тестови и пред заминувањето на Струшкиот турнир. По враќањето во Скопје „црвено-црните“ одиграа пријателски натпревари со Еурофарм Пелистер и Металург.

Позитивниот ракометар се претпоставува дека е Стојанче Стоилов, кој неодамна доби син.

Треба да знаете
Последни објави