Организаторот на реванш четвртфиналниот натпреавр од регионалната машка ракометна СЕХА лига меѓу Вардар и хрватски Нексе кој треба да го даде последниот патник на завршниот Ф4 турнир во Задар ќе биде организиран под посебни здравствено-безбедносни протколи во време на пандемија од коронавирусот. Навивачи на трибинитер нема да има, но за службените лица, новинарите и фоторепортерите кои ќе се најдат во салата „Јане Сандански“ в петок, бројот на издадени акредитации ќе биде ограничен, Ќе има само 12 места за известувачите и за четворица фоторепортери.
Местото на влез во салата за нив ќе биде дополнително потврден, и на секој акредитиран новинар ќе му биде измерена температура пред да влезе во салата. Секој акредитиран новинар ќе треба претходно да пополни и достави листа со сопствените податоци во случај да има потреба од дополнително контактирање.
Со цел да не се создаде метеж пред натпреварот во сала треба да се пристигне порано бидејќи влегувањето ќе трае подолго од вообичаената процедува.
На влез задолжително ќе треба да се изврши дезинфекција. За време на движење во салата и за време на натпреварот задолжително е користење на маски на лицето. Движењето во салата треба да се сведе на минимум. Фоторепортерите ќе се движат исклучиво зад головите и без можност да се користи страната каде се сместени клупите на резервните играчи. Се препорачува да се носи со себе вода или течност за пиење бидејќи во салата нема да има продажба на пијалоци.
По натпреварот нема да има одржување на прес – конференција. Нема да има микс зона и можност за земање изјави на терен.
По првиот натпреавр нодигран во Нашице, Вардар има предност од еден гол 31:30. Победникот ќе биде последниот патник за Ф4 турнирот каде пласман имаат веќе обезбедено ППД Загреб, Брест Мешков и Веспрем. Вардар е еден од двата тима во СЕХА лигата што досега настапувал на сите девет завршни Ф4 турнири. „Црвено-црните” се петкратни победници на лигата и најуспешен тим во историјата на ова регионално натпреварување.