Пујол со подршка за Меси, навивачите се собираат пред управата

Светот на фудбалот е во шок откако Лео Меси ја информираше управата на Барселона дека сака да си оди и дека ќе ја активира клаузулата од договорот кој му овозможува да си оди на крајот од сезоната. Иако од управата на Каталонците најавија разврска пред суд, бидејќи според нив, сезоната заврил во мај, а не сега, поранешните ѕвезди на клубот му изразија подршка на Меси.

Меѓу нив е и легендата на Барса и соиграч на Аргентинецот, Карлес Пујол.

– Почитување и восхит, Лео. Пријателе, ја имаш целата моја поддршка, напиша Пујол на Твитер.

Во меѓувреме, навивачите на Барселона се собираат пред клубот. Раководството на клубот е, наводно, внатре, се уште е во тек средба на која ќе се разговара за иднината на клубот.

Треба да знаете
Последни објави