Српскиот инженер Петар Кочовиќ и неговиот тим речиси секој ден со помош на математички пресметки, прават проекција кога вториот бран на коронавирусот ќе заврши, како во Србија, така и во другите држави.
Според проекцијата на Кочовиќ, Македонија се уште е во првиот бран кој ќе заврши на 26 ноември.
Според Кочовиќ, математиката покажува дека вториот бран на Ковида-19 во Србија ќе трае точно како што беше „проектиран“ пред десетина дена, односно крајот на вториот бран (што не подразбира дека ќе има нула случаи во рок од 24 часа) се очекува на 11 септември.
– Мојот петчлен тим составен од математичари и програмери, секојдневно ја следи состојбата во сите 216 земји. Ние ја користиме Гаусовата крива (математички модел заснован на работата на славниот германски математичар и физичар Јохан Карл Фридрих Гаус) што се движи на дневна основа. Методологијата е единствена, а се заснова на повеќе бранови, објаснува Кочовиќ.
Според нивните пресметки, Србија го очекува третиот бран, кој треба да започне веднаш по завршувањето на вториот. Доколку овие пресметки се остварат, ќе биде пократок од вториот бран (118 дена) и подолг од првиот (82 дена) и ќе трае до 17 декември.