Стерилните соопштенија на СДСМ не можат да ги оправдаат Николовски и Заев за нивните криминали

СДСМ во обид да ги одбрани Николовски и Заев пуштаат стерилни соопштенија. Ниту едно нивно бледо соопштение нема да го сокрие фактот дека додека Николовски беше министер за земјоделие му се случи најголемата криминална проневера на пари во тој сектор. Имено во период од 21.09.2017 година до 01.10.2018 година, Кире Неделковски, партиски активист на СДСМ и човек близок до Николовски и Заев проневерил цели 300.000 евра пари на тутунарите од Сојузот на тутунари.

Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го сокрие најголемиот поткуп што е спроведен во независна Македонија, каде дури една милијарда евра кои владата ги зема како заем и кои граѓаните ќе треба да ги враќаат се потрошија на купување на гласови.

Не може СДСМ да ја сокрие вистината дека Љупчо Николовски го упропасти македонското земјоделие.  А,  сега е на ред  да ја упропасти и целата држава.

Овие истрошени кадри единствено ќе ја уништат Република Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави