Суарез не го сакаат во Барселона, ама го канат во ПСЖ

Уругвајскиот фудбалски напаѓач од редовите на шпанската Барселона, Луис Суарез, кој прв се најде на удар при отпочната реконструкција на тимот од страна на новиот тренер Роналд Куман, иако има догворна обврска до следното лето речиси сигурно ќе си замине од „Камп Ноу“. Куман вчер му соопшти на Суарез во телефонски разговор кој не траел ниту една минута дека нема да смета на него во новата сезона, па Уругваецот веднаш добил понуда од францускиот првак ПСЖ да го пополни местото во нападот кое го остави неговиот сонародник Единсон Кавани.

Суарез изјави дека нема да му направи проблем на клубот и дека ќе замине. Навивачите на Барселона воопшто не се согласуваат со таквата одлука затоа што веруваат дека Суарез не заслужи да ја напушти Барселона на ваков начин.

За Суарез вратуите ги отвора и холандскиот Ајакс каде има настапувано од 2007 до 2011 година.

 

Треба да знаете
Последни објави