Таравари: Конфликтите во ДУИ беа обичен блеф заради неисполнетото ветување

Откако ДУИ денеска информираше дека се надминати внатрепартиските превирања за составот на новата влада, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вели дека меѓу интегративците не ни постоел конфликт, туку тоа било блеф за дефокусирање на јавноста.

-Конфликтите во ДУИ беа обичен блеф, за да ги дефокусираат Албанците во РСМ од неисполнувањето на единственото ветување што го имаа на овие избори – премиер Албанец!, напиша Таравари на Фејсбук.

Пратеникот од ДУИ, Изет Меџити, денеска порача дека ќе гласа за новиот состав на Владата, без оглед на несогласувањата кои се појавија во ДУИ од ограноците од Сарај и Чаир.

https://www.facebook.com/arben.taravari/posts/10223604182273703

Треба да знаете
Последни објави