Тимошенко е позитивна на коронавирус и е во критична состојба

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која беше позитивна на тест за коронавирусот, е пренесена на интензивна нега и е во критична состојба.

– За жал, сè уште немаме добри вести. Состојбата на Јулија Владимировна сè уште е тешка. Од минатата ноќ, таа прима терапија на интензивна нега според протокол за лекување на Ковид-19″, информира нејзината портпаролка Марина Сорока на својот профил на Фејсбук.

Таа пред два дена потврди дека Тимошенко е позитивна на коронавирусот и оти била однесена во болница со треска.

Таа е првиот украински политичар што е заразен со коронавирусот.

Тимошенко двапати беше премиерка на Украина од 2005 до 2010 година.

Треба да знаете
Последни објави