Познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски, почина на 67 годишна возраст на 25.08.2018 година, од струен удар во својата викендичка со скопско Орешани.
Денес се навршуват две години од смртта на легендарниот актер.
Инаку, Ванчо е роден на 19 април 1951 година во Скопје, а веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии.
„Ванчо беше насмевката. Тој најмногу не веселеше. И на претставите, и по нив, и додека се збиравме овде во бифето на Драмски театар да играме табла“, изјави минатата година Мешковски во интервју за „Женски магазин“ .
Актерот Гоце Тодровски раскажа оти викендичката во Орешани била омиленото место на Ванчо, а Тодоровски од тага веќе никогаш нема да стапне таму…
Преземено од Женски магазин