Јас, Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка, јавно ги повикувам сите политички партии, сите институции, сите владини, невладини и верски организации, да дадат поддршка Народна банка на Република Македонија, да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка и да ја врати во првобитна состојба.
Легалистите би рекле дека ваквото повлекување на стечајна постапка не е можно согласно Законот за банки. Сакам да ве убедам дека не може законот да биде над интересите на граѓаните.
Потенцијални купувачи на банката се спремни да вложат сериозни средства и да го овозможат нејзиното работење во банкарскиот сектор.
Ваквиот чин бара висока доблест и ќе спречи сериозни последици по граѓаните на Република Македонија.
Доколку сакаме мир во земјава и спокој на граѓаните, мора да ги имате предвид последиците кои ќе се појават во периодот кој следи, а кои таксативно ќе ги наведам.
- Клиентите на Еуростандард банка, кои се оштетени со оваа одлука ќе бидат целосно вознемирени со преземање активности да си го вратат своето.
- Поради софтверскиот систем за исплата на пензии, неколку илјади пензионери ќе се соочат со не можноста редовно да ги добиваат своите пензии, а тоа е најранливиот слој на граѓани во Македонија.
- Масовни отпуштања и зголемување на невработеноста, како на вработените во Еуростандард банка, така и на вработените во Македонски пошти, поради неможноста да остварат приход и да ги заработат чесно своите примања.
- Ќе се врати довербата во банкарскиот систем на граѓаните кој за жал, сведочиме дека има многу нарушен кредибилитет и создава општа несигурност.
- За ваквиот потег се бара доблест и акција за стабилизирање на севкупната ситуација за граѓаните во Република Македонија и посебно на банкарскиот сектор.