УЕФА потврди дека натпреварот од Суперкупот во кој ќе се соочат победниците од фудбалската Лига на шампионите и од Лига Европа, Баерн Минхен и Севилја и ќе се игра во септември со присуство на публика на трибините во Будимпешта на 24 септември.
Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука натпреварот во Будимпешта да се игра пред 30% исполнет стадион и истиот ќе претставува испит за тоа како треба да изгледа играњето на натпревари пред публика.
Останатите натпревари кои се организираат под капа на УЕФА, а кои се во рамките на квалификациите од Лигата на шампионите и Лига Европа, ќе се играат пред празни трибини.
– Она што беше важно е да се покаже дека фудбалот може да се игра и во тешки времиња, но без публика се загуби карактерот на играта.
– Се надеваме дека Супер купот во Будимпешта ќе биде пилот проект и ќе биде почеток на за враќање на публиката на натпреварите.
– Работиме заедно со унгарските власти за да се имплементираат мерките за да се обезбеди здравјето на сите присутни на натпреварот. Нема да преземаме ризици со здравјето на граѓаните, -стои во соопштението од УЕФА.