Бројот на новозаразени од коронавирусот во БиХ не се намалува

Федерацијата на Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрира 234 новозаразени од коронавирусот, а во Република Српска бројката е 59. Во БиХ се регистрирани 13 смртни случаи од последиците на корона вирусот. Со тоа вкупниот број жртви се искачи на 555.

Во Федерацијата починаа осум пациенти, а во Република Српска пет. Од почетокот на епидемијата во БиХ од корона вирус заболеа 18.172 лица. Во изминатите 24 часа во Федерацијата тестирани се 1.526 примероци, од кои 234 биле позитивни. Во Република Српска тестирани биле 445 лабораториски примероци, а забележани се 59 нови случаи или вкупно во земјата има регистрирано 293 случаи во изминатото деноноќие.

Треба да знаете
Последни објави