Невремето Франсис ја погоди вчера Велика Британија, со ветер со брзина од 120 километри на час, а поради огромните количини на дожд, улиците на јужен Лондон се целосно поплавени.
Возачите едвај се пробиваат низ водата на улиците.
#StormFrancis has been named
A deep area of low pressure will bring heavy rain and the risk of severe gales in places during Tuesday and Wednesday
Warnings have been issued, more information here https://t.co/vdbKXpnseG
stay #WeatherAware pic.twitter.com/UZk11JB7s8
— Met Office (@metoffice) August 24, 2020
И за денеска е најавено невреме, а метеоролозите предупредуваат дека поради силниот ветер би можело да има прекини на струјата. Најсилните удари се очекуваат на подрачјето на Англија и Велс, во планините и на крајбрежјето.
Издадено е и 30-часовно предупредување за обилни врнежи во подрачјето на Северна Ирска, централна Шкотска, северозападна Англија и Северен Велс. Се очекуваат да наврнат 90 мм повеќе од просекот.