ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во кршење на Деловникот на Собранието, Верификационата собраниска комисија нема мандат за работа

Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија на денешната собраниска седница нагласи дека е недозволиво непочитувањето на забелешките од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за кршење на Деловникот на Собранието од страна на пратениците на СДСМ и коалицијата, укажувајќи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува како на оваа седницата, така и на седниците за верификација на мандати.

-Очигледно забелешките процедурално од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не допреа до вас и констатацијата дека и порано се правело вака не дозволува понатамошно кршење на Деловникот. Од тие причини јасно ви укажавме и покажавме согласно Деловник дека Верификационата комисија престанала да постои после првата конститутивна седница, вашите недокажани објаснувања не ви даваат за право да веруваме дека ќе ги почитувате забелешките и она што деловнички е предвидено согласно Деловникот за работа на Собранието  и од таа причина пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во понатамошниот тек на и на оваа седницата и на седниците за верификација на мандати нема да учествува, вели Мицевски.

-Ќе ве оставиме веќе кога не примате една добронамерна деловничка сугестија да крајно неделовнички ги завршите верификацијата на мандатите на останатите пратеници кои што ќе следуваат понатаму, па како сте почнале така и да вршите со верификација на мандатите на другите пратеници, а она што го кажуваме како забелешка ќе остане во наредниот период да се разгледа и да се спори од страна на експерти и други институции, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави