Со гласањето против верификацијата на мандат на пратеникот Бедри Фазлиу, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска денеска во Собранието направи скандалозен преседен во историјата на македонската демократија, чин директно спротивен на демократската волја на граѓаните.
Неодговорно, антидржавно и крајно опасно е пратеник во Собранието да гласа против верификација на мандат освоен на фер и демократски избори и потврден од Државната изборна комисија, при тоа очајно правдајќи се дека се збунила.
Тоа е незериозен и аматерски однос кон Собранието, кон пратениците и кон граѓаните.
Дали Сиљановска гласаше против само затоа што во парламентот треба да влезе граѓанин Албанец или свесно отиде против волјата на граѓаните изразена на фер, слободни и демократски избори?