Десетмина повредени во сообраќајки кај Стража и Маврови Анови

На 24.08.2020 во 14.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(50) од Свети Николе и патничко моторно возило „ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(47) од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М.(37) и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од истото возило Р.Р.(43), констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

На 24.08.2020 во 20.30 часот било пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во правец на превој „Стража“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(74) од Скопје и патничко моторно возило „пежо 406“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(58) од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И., а со телесни повреди се здобил Ј.К. и двајца сопатници од возилото “пежо“ А.М. и Т.Б., констатирани во Медицинскиот Центар Кичево.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Треба да знаете
Последни објави