Кејти Холмс смета дека Сури еден ден ќе владее со светот

Кејти Холмс мисли дека Сури, нејзината ќерка со поранешниот сопруг Том Круз, еден ден ќе владее со светот.

Поранешната sвезда на серијата Dawson’s Creek („Досоновиот поток“) е неверојатно горда на 14-годишната Сури, нејзиното единствено дете со поранешниот сопруг, и смета дека тинејџерката го има она што е потребно за да направи одлични работи кога ќе биде постара.

Во интервју за „ОК!“ магазинот, таа вели: „Секоја фаза во животот на мојата ќерка беше радосна. Таа има неверојатен дух. Многу е силна и паметна и мислам дека ќе го управува светот еден ден. Таа владее со мене. Таа е душичка, но истовремено и тврдо колаче. Јас сум многу горда.“

41-годишната актерка ја охрабрува Сури да ја разбере важноста да има сопствено мислење и да не се плаши да го крене гласот. „Дома зборуваме за тоа колку е важно да пораснеш и да бидеш слушнат, и колку е важно да имаш работа и да бидеш независна.“

И Кејти сака да направи што може за да ја промовира таа порака надвор од нејзиниот дом и во рамките на нејзината работа.

„Како уметник, мислам дека е важно да продолжиме да наоѓаме и создаваме добри улоги за жените на први или водечки позиции на работа“.

На прашањето дали сака повторно да режира, таа вели: „Се надевам да. Како жена, сакам да се слушне мојот глас. Тоа е голема мотивација за мене, па затоа сакам да продолжам да раскажувам приказни. Секогаш се обидувам да најдам интересни приказни – приказни кои одразуваат низ што минуваат реалните луѓе.“

Треба да знаете
Последни објави