Кривични против дебарчани кои организирале фудбалски турнир во време на епидемија

Дебарската полиција поднесе кривични пријави против двајца жители на селото Долно Косоврасти, на возраст од 21 и 22 години, поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, на 13 август во Долно Косоврасти пријавените организирале турнир во фудбал со што ја прекршиле забраната за одржување спортски натпревари донесена од страна на Владата за време на епидемија.

Треба да знаете
Последни објави