Албанскиот претседател Илир Мета во објава на Фејсбук наведува дека заминувањето на младите од земјата е рак рана на албанското општество. Додава дека на Албанија и треба надеж и нагласува дека подоброто образование на младите е најголемата надеж за земјата.
Смета дека мора да биде запрен одливот на мозоци и младата и покреативна сила.
„Албанија денеска има потреба од надеж повеќе од кога и да било! Доброто образование на младите е најголемата надеж на нашата земја и најважната инвестиција за иднината. Мора да се запре одливот на мозоци и младите и покреативни сили на општеството, пишува Мета.
Според него заминувањето на младите и затворањето на многу студиски насоки на универзитетите низ целата земја е „една многу голема рана”.
„На нашите млади треба да им се понуди поголема надеж и алтернативи за образование и вработување. На Албанија и е потребно „brain gain”а не „ brain drain”, порачува Мета.
Поради масовното заминување, пред се, во западно европските земји, во многу сектори во земјата веќе се чувствува недостиг на работна сила.
Деновиве актуелизиран е проблемот со недостиг на здравствен кадар. Во последната деценија Албанија ја напуштиле 4.000 лекари и 9.000 медицински сестри.