Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, ги потврди внатрешните судири во ДУИ. Меџити потврди дека не се согласува со некои предлози на партијата за поделба на ресорите во новата Влада, но дека ќе гласа за новата Влада, изнесувајќи ги однапред своите забелешки.
Меџити рече дека нема да има промени во поделбата на министерствата и дека предлогот за новата Влада ќе биде доставен до Собранието во текот на оваа недела, пренесува Алсат.