Под палката на Љупчо Николовски е спроведен најголемиот поткуп на гласачи, со 1 милијарда, пари кои треба да се враќаат од народот

Љупчо Николовски е човекот од позадина на Зоран Заев, генерален секретар на СДСМ, кој ги организирал сите изборни нерегуларности и целиот партиски поткуп, тој не е лицето кое може да биде вицепремиер за борба против корупцијата.

Под палката на Љупчо Николовски како генерален секретар на СДСМ е спроведен најголемиот поткуп во независна Македонија каде дури една милијарда евра кои владата ги зема како заем и кои граѓаните ќе треба да ги враќаат се потрошија на купување на гласови.

Додека Николовски беше министер за земјоделие му се случи најголемата криминална проневера на пари во тој сектор. Имено во период од 21.09.2017 година до 01.10.2018 година, Кире Неделковски, партиски активист на СДСМ и човек близок до Николовски и Заев проневерил цели 300.000 евра пари на тутунарите од Сојузот на тутунари. Тутунарите реагирале и со писмо поткрепено со документи и факти го известиле и Зоран Заев и Љупчо Николовски, како тогашен министер за земјоделие, но реакција немало.

Кире Неделковски не само што шета на слобода, туку и е унапреден од страна на оваа власт и именуван за член на УО на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието.

Љупчо Николовски не се справи со корупцијата и криминалот во министерството со кое раководеше, оттука не може ниту да очекуваме дека ќе се справи со корупцијата и криминалот во целата држава, напротив тој ќе го унапреди!

Николовски ниту како генерален секретар не ги почитуваше законите. Во ек на корона кризата, кога цело Скопје беше затворено со одлука на владата на СДСМ и ставено во карантин на 6 и 7 јуни, тој избега од градот, исто како и неговите сопартијци Шекеринска и Шилегов и отиде во Берово, каде немаше 72 часовен карантин како што беше случајот во Скопје.

Низ текот на неговата кариера ќе го пратат најголемите лаги упатени кон земјоделците. Тој и Зоран Заев ветуваа сигурен откуп и високи откупни цени, а веќе четврта година како се на власт, ниту сигурен откуп има, ниту повисоки откупни цени.

Љупчо Николовски го упропасти македонското земјоделие, а сега е на ред да ја упропасти и целата држава.

Ова не се нови кадри, ова се старите истрошени кадри на СДСМ, со конекции со транзицијата.

 

Треба да знаете
Последни објави