Предводникот на италијанскиот калчо гигант Милан, Стефано Пиоли, сака во новата сезона на располагање да ги има и услугите на младиот играч за врска од редовите на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), Дани Себаљос.
Младинскиот репрезентативец на Шпанија изминатата сезона ја одработи како позајмен играч во дресот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, а сега понуда за нова позајмица подготвуваат челниците на Милан.