Собранието ноќва после полноќ ја констатираше оставката на Насер Нуредини од ДУИ

Собранието ноќва после полноќ ја констатираше оставката на Насер Нуредини од ДУИ и го верификуваше мандатот на пратеникот Мирослав Богдановски.

Останува уште да биде констатирана оставката на Јагода Шахпаска со што ќе биде комплетирана листата на пратеници кои се откажаа од пратеничкиот мандат за да бидат дел од новата влада.

Констатирани се оставките на Зоран Заев, Љупчо Николовски, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Мила Царовска и Никола Димитров.

Вечерва беа верификувани мандатите на новите пратеници – Драгица Ѓавочанова, Зекир Рамчиловиќ, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска-Ванчева и Мирослав Богдановски.

Треба да знаете
Последни објави