Кошаркарите на Милвоки Бакс го бојкотираа петтиот натпревар во НБА плеј-офот против Орландо Меџик. Екипата на Милвоки ова го направи, сметајќи дека нивната порака поврзана со борбата против полициската бруталност и расната нееднаквост во САД, која доста гласно ја испратија, не е доволно слушната од нивна страна.
https://twitter.com/i/status/1298713497832787969
Бакси во соблекувалната се договорија да го бојкотираат мечот, додека нивниот противник излезе на терен и тргна со загревање. Прво на никој не му беше јасно зошто не е започнат натпреварот од 22.00 часот, а потоа се објавија информации дека мечот нема да се игра. Исто така и играчите на Орландо го напуштија теренот и се вратија во соблекувалната.
Претходно за бојкот разговараа и кошаркарите на Торонто и Бостон кои можеби ќе одбијат да го играат првиот дуел од втората рунда во плеј-офот на Истокот, кој се игра во ноќта помеѓу четврток и петок.
Бакси моментно водат со 3:1 во серијата, а не е познато како ќе реагира НБА лигата, дали ќе се одложи мечот, ќе се почека да се слушнат пораките на Милвоки или ќе биде службена победа за Орландо.