Свечена академија по повод 110-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза

По повод 110-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, Одделот за наследството на Гонџе Бојаџију – Мајка Тереза при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, заедно со граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, денеска организира свечена академија, на која ќе биде промовирана и книгата „Од Гонџе Бојаџију до Мајка Тереза – Сага за животот на Албанците католици од Скопје“.

Оваа активност ќе се одржи на плоштадот„Македонија во Скопје со почеток во 10 часот, а на неа ќе се обрати и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Треба да знаете
Последни објави