Три лица во возило на брза помош од струмичката болница се повредени откако излетало од патот кај Лакавица

Три лица кои се наоѓале во брза помош,  возач, медицинска сестра и пациент инфициран од коронавирусот се повредени откако возило на струмичката болница од засега непознати причини синоќа излетало од коловозот кај штипско Лакавица.

Сите три лица биле префрлени во штипската болница. По укажаната помош, пациентот со ковид-19 бил префрлен на скопските клиники, возачот пуштен на домашно лекување, а медицинската сестра задржана на болничко лекување во Штип информираше диркеторот на струмичката болница Наќе Гогов.

Надлежните извршиле увид  и треба да ги утврдат причините како настанала сообраќајката кај штипско Лакавица.

Треба да знаете
Последни објави