Атлетико (М) продолжува со обидите да ги осигура услугите на напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет, пренесува „Марка“.
Раководството на мадридскиот тим за 29-годишниот напаѓач е подготвено да плати одредена парична сума плус и еден игра од следниве тројца: Томас Лемар, Анхел Кореа или Витоло.
Во зимскиот преоден рок, Арсенал ја одби понудата на Атлетико за Французинот. Минатата сезона во Премиер лигата Лаказет одигра 30 натпревари на кои постигна 10 гола и оствари шест асистенции.