Националниот институт за јавно здравје на Косово објави дека биле тестирани 534 лица, од кои 141 се позитивни на коронавирусот.Така, вкупниот број на позитивни случаи се зголеми на 12.981, од вкупно тестирани 49.227.
Во последните 24 часа, излечиле 143 пациенти, а вкупниот број на излечени досега е 9.085.Бројот на активни случаи е 3.398.
Приштина се уште е на прво место по бројот на заразени и активно заразени.
Во последните 24 часа починале шест лица од коронавирус во Косово, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата на 498.