Инфектологот Д-р Вело Марковски при гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на телевизија Канал 5 истакна дека бројките од дневните извештаи со заразени лица од мкоронавирусот се нереални.
-Премногу им се одава значење на самите бројки на овие дневни извештаи бидејќи тие бројки се нереални. Имаме преземено методологија која за мене е погрешна и која ни прави многу паника и ни направи штета во однос на соседните земји, во однос на затворањето на границите. Ние правиме одреден број на тестирања некаде од 1500 до 3000 во денот со таа ПЦР технологија и добиваме одреден процент отплика некаде околу 10 посто позитивни. Меѓутоа тие позитивни некако полека се прикажуваат како заразени како болни што не е точно.Сосема поинаква ќе беше сликата ако ние кажеме денеска направивме 3000 теста од тие 300 ни се позитивни, но симптоми ни се 20 или 30. Таа е таа реална слика бидејќи голема е разликата меѓу термините инфекција и инфективна болест.
Со ПЦР технологијата ние зимаме бриз од горнореспираторните патишта и бараме секвенци. Да не навлегуваме дека самиот вирус има 30.000 секвенци, а тестот може да фаќа на две или 4 секвенци. Не значи дека вирусот ќе направи болест. Постојат неколку опции со вирусите можеби вирусот случајно се нашол тука, во иднина науката многу ќе придонесе со нови сознанија. Откако вирусот ќе навлезе во организмот тоа е веќе инфекција, но не значи дека ќе имаме болест. Оваа инфекција понатаму може да се фати со серолошките тестови.
За мене нејасно е зошто сега се оди само со ПЦР технологија. Во препораките кога беше Сарс вирусот во 2002 препорачани беа серолошки тестови, со кои ќе знаеме прецизно дали вирусот направил инфекција. Дали направил болест ќе гледаме по симптомите.
Оваа ПЦР метода не е добра и имаме вакви случаи каде што двапати да е позитивен и двапати негативен.
Знаеме дека 80 отсто од случаите се асимптоматски. Паралелно моравме од почетокот да правиме серолошки тестови кои се меродавни, рече Марковски.