Општина Кисела Вода информира дека неодамна направеното ново детско игралиште во урбаната заедница „11 Октомври”, вчера беше оштетено од несовесни граѓани.
Општината најостро ги осудува сторителите на ваквото дело, и воедно ги повикува граѓаните доколку забележат дека некој врши оштетување на јавните добра, урбана опрема, детски и спортски игралишта и сл. веднаш да пријават во полиција.
Општина Кисела Вода порачува: Да ги чуваме детските игралишта, за да имаат каде да си играат, да се радуваат, да се развиваат и да се дружат дечињата.