Рускиот дипломат ја напушти Виена

Рускиот дипломат, кого австриската влада го прогласи за персона нон грата, ја напушти Виена, изјави неименуван дипломатски извор.

„Рускиот дипломат ја напушти територијата на Австрија“, навел изворот од Виена за ТАСС.

Австриското Министерство за надворешни работи соопшти во понеделникот дека владата на таа земја одлучила да го протера рускиот дипломат, кој, како што тврди, ја прекршил Виенската конвенција за дипломатски односи.

Дневникот „Кронен цајтунг“ претходно пренесе дека е протераниот Русин со години се занимавал со шпионажа на хај-тек компании со помош на еден Австралиец, кој им се предал на властите и го осудил рускиот дипломат.

Руското Министерство за надворешни работи најави дека таа земја ќе протера австриски дипломат, како одговор на одлуката на Виена да нареди на руски дипломат да ја напушти земјата.

Треба да знаете
Последни објави