На 26.08.2020 во 12,30 часот од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода при СВР Скопје на ул.“Владимир Назор“ бил лишен од слобода Е.Б.(21) од Скопје затоа што се барал по потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години по наредба од Основен кривичен суд Скопје за сторено кривично дело “разбојништво“.
Тој бил спроведен во КПУ Затвор Идризово.
На 26.08.2020 во 12,35 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ за влез во Република Северна Македонија по извршените проверки на С.Т.(49) од Р.Албанија било утврдено дека евидирал во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на Интерпол од Швајцарија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР-Скопје за понатамошна постапка.