Францускиот премиер повика на одговорност поради зголемиот број заразени од коронавирус

 Францускиот премиер Жан Кастекс ги повика Французите на одговорност, поради брзиот пораст на новозаразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Париз.

„Франција за последните 24 часа регистрира 5.429 нови случаи на зараза”, соопшти Агенцијата за јавно здравје на Франција, што претставува најголем број на новозаразени откако беа укинати мерките на изолација и откако се  тестираа масовно.

Последен пат кога имаше толку многу заразени беше во средината на април, а за споредба со вторникот бројот на новозаразени се зголеми за 60 отсто. Прагот од 4.000 заразени беше надминат неколку пати изминатите денови.

Агенцијата за јавно здравје на Франција не прецизира колку лица се хоспитализирани и колку се починати.

Во вторникот на болничко лекување се наоѓаа 4.600 лица поради инфекција со Ковид-19 од кои 410 на реанимација, бројки многу далеку од врвот на епидемијата. До вчера од вирусот починале вкупно 30.544 лица

Треба да знаете
Последни објави