Жозеп Марија Бартомеу е подготвен да си оди од Барселона, да си даде оставка, но само доколку Лионел Меси вети дека ќе остане во клубот. Како што пишува шпанската „Марка“, претседателот на Барселона, Бартомеу ќе направи сè со цел играчот и натаму остане на „Камп Ноу“. Бартомеу не сака да биде пречка за Аргентинецот кој има договор со Барселона до јуни 2021 година да си замине од тимот.
Од моментот кога се слушна веста дека еден од најдобрите фудбалери на светот бара начин да ја напушти Барселона, една од теориите беше дека Аргентинецот води кампања против Бартомеу кого наредната пролет го чекаат избори. Се чини дека Бартомеу го префрлува сиот притисок врз играчот со овој потег. Останува да се види дали и како ќе реагира Меси, но јасно е дека работите не биле како што требало да бидат во Барселона со месеци поради и што дојде до бунт на играчите против претседателот Бартомеу.
Бартомеу е јасен во својот став дека нема да учествува во преговорите за продажба на Лионел Меси и дека ќе истрае во намерата заинтересираниот клуб да ја почитува клаузулата од договорот да плати 700 милиони евра за Аргентинецот. Меси има цел тим на адвокати кои работат на „соборување“ на таа клаузула, па останува да се види колку ќе трае оваа сага околу неговото заминување или останување.