Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Петровец, Кисела Вода, Центар и Сарај.
Од 9 до 12 часот корисниците од Фазанерија Катланово (општина Петровец), како и корисниците од улицата „Христо Татарчев“, од последната станица на автобусот со број 24 до зградите во Припор, од страната на Водно (општина Кисела Вода) и корисниците од улицата „Коле Неделковски“ број 32 (општина Центар).
Од 8.30 до 9.30 часот струја ќе немаат корисниците од село Љубин (општина Сарај).