Државниот здравствен и санитарен инспекторат со решение го затвори пунктот за земање на брисеви за ковид 19 на Центарот за јавно здравје – Струмица.
Директорот на ЈЗУ е задолжен во најкус рок да обезбеди соодветна просторија во здравствена установа.
Оваа реакција на здравствениот и санитарен испектората доаѓа откако опозицијата реагираше дека брисевите во Струмица се земаат во просторија која е сместена во станбена зграда во која живеат луѓе.