Иџе доби зелено светло, ќе вози на „Имола“

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе викендов ќе ја вози првата трка од новата сезона во ТЦР шампионатот на Италија. Стефановски поради затворените граници и проблемите со коронавирусот не можеше да биде дел од првите трки на стартот од сезоната, затоа што не можеше да отпатува во Италија. Но, административниот проблем е решено, па Иџе ќе може да вози на „Имола“.

Конечно Иџе успеа да влезе во Италија, па така викендов ќе вози на третата трка од сезоната во Имола на славната стаза Автодром Енцо и Дино Ферари.

Трка на „Имола“ е на 29 август од 14:15 часот, додека втората е ден подоцна од 11:35 часот. Квалификациите ќе се возат в петок од 19 часот.

Треба да знаете
Последни објави