Бизнисменот и сопственик на сега веќе пропаднатата „Еуростандард банка“, Трифун Костовски во интервју за новиот број на неделникот „Фокус“ тврди дека банката има пари и имот да ги обесштети сите оштетени коминтенти.
Вие сега немате пристап во банката, но каква е сега процедурата, оштетените веќе почнаа да се самоорганизираат, има луѓе кои парите ги печалеле цел живот, сега не можат да си ги земат?
–Јас во моментов немам пристап во банката и немам намера да влегувам. Новиот стечаен управник влезен е веќе внатре, се надевам дека нема долго да трае стечајната постапка со цел да се обезбедат максимални средства за обесштетување. Ако трае долго, тогаш судбината на Еуростандард банка ќе биде како со Македонска банка и останатите банки. Најодговорно тврдам дека банката има средства и имот да ги врати средствата на оштетените, коминтенти на Еуростандард банка.
Значи ако има волја никој нема да биде оштетен?
-Нема.
Каков имот моментално е во сопственост на Еуростандард?
-Доволно имот за да ги обештетиме сите погодени правни и физички лица, само под услов стечајната постапка да биде кратка и ефикасна, повторувам кратка и ефикасна, секое пролонгирање на постапката ќе биде на директна штета на правните и физички лица кои очекуваат надомест.
Освен за ова Костовски зборува и за тоа колку пари ветиле дека ќе внесат во банката два дена пред стечајот, за инвеститорот, бизнисите кои му останаа, за критиките кон него.