Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски реагира во однос на роковите за подготовка кои им се дадени на пратениците за расправата по обемниот материјал за програмата и составот на новата влада. Тој смета дека со кратењето на роковите за подготовка и здрава парламентарна дебата власта покажува непочитување кон пратениците.
„Во врска со закажаната седница за избор на Влада, добро е да се знае, како било претходно, а како е сега, во однос на деновите кои им се дадени на пратениците и на медиумите за да се подготват за расправа и критика на обемниот материјал за програмата и составот на новата влада. Според бројот на деновите дадени за припрема во врска со материјалите за составот и програмата на владата се мери и почитта на власта кон јавноста и пратениците.
https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/3744714618891123