Иако е во шестата деценија од животот, сеуште е актуелен на фудбалските терени во Македонија. Станува збор за Драгослав Здравков – Ледер, вистинска легенда кај второлигашите.
Пред извесен период тој го носеше дресот на Осогово, а оваа сезона иако има 56 години е дел од новајлијата во ВМФЛ, тимот на Слога Виница.
Здравков беше дел од пријателските натпревари на Слога Виница. Исто така е регистриран и во лигата. Нема постар фудбалер од него, барем во ПМФЛ и во ВМФЛ.