Полска денеска соопшти дека испратила протестна нота до белорускиот амбасадор поради „неосновани обвиненија”, откако белоруските медиуми објавија дека претседателот Александар Лукашенко ја обвинил Варшава дека планира да окупира дел од земјата ако кризата се влоши.
„Во врска со повторените неосновани обвинувања на лидерите на Белорусија против Полска, белорускиот амбасадор беше денеска повикан (во Министерството за надворешни работи) во 15 часот”, напиша заменик-министерот за надворешни работи, Марсин Прзидач на Твитер.
Лукашенко ја обвини Полска дека планира да го окупира регионот Гродна, кој граничи со Полска и Литванија, доколку Белорусија се распадне, објави белоруската државна новинска агенција „Белта”.