Почина таткото на Даниел Крег

 Актерот Даниел Крег, познат во јавноста како Џејмс Бонд на модерната доба, се збогува со својот татко Тим Крег, кој почина на 78-годишна возраст по долгата борба со ракот на црниот дроб, пишува „Дејли мејл“.

Веста за смртта на неговиот татко многу го погодила Крег бидејќи тој бил многу приврзан кон него. Во една пригода, таткото изјавил дека има таков однос со неговиот син што понекогаш се чувствува како да се најдобри пријатели.

https://www.instagram.com/p/Bo9Qb7ogFCA/

„Даниел не зборува за мене и јас не зборувам за него, но секако дека сум горд на него, тој е многу добар актер“, изјави неговиот татко за медиумите пред неколку години.

Тим се гордеел со актерските достигнувања на Даниел и се трудел да присуствува на премиерите на неговите филмови. Тој исто така рече дека неговиот син отсекогаш сакал да биде актер и дека се сеќава на моментот кога го прашал што сака да биде кога ќе порасне, и тој без двоумење одговорил дека сака да биде актер. Во друштво на неговиот татко, Даниел го гледал својот прв филм за Бонд „Живеј и дозволи да умреш“ во 1973 година.

Треба да знаете
Последни објави